| четврток, 6 декември 2018 |

СКСЗМ ги објави најуспешните 100 компании во 2015 година

top

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска ги прогласи 100-те најуспешни компании од редовите на своите членки во 2015 година. Комората го врши изборот шести пат преку каталог што содржи анализа на потенцијалот на компаниите врз основа на критериуми за нивниот годишен обрт, добивка и број на вработени.

Согласно направениот избор, меѓу најуспешните фирми  годинава се „Нептун“, „Даути комерц“, „Бас тути фрути“, „Киппер маркет“, „Пофикс“, „Трим“, „Алма М“, „Инсталација“, „Принце ентерпрајс“.

Според претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, компаниите и покрај економската и политичката криза и намалената побарувачка успеале да ги задржат позициите во топ 100.

– Бидејќи сме сведоци  на економската и политичката криза која преовладува во земјава главен проблем за повеќето наши  бизнис е тешкотијата за финансиските средства. Сите бизниси минатата година се соочија со помала побарувачка, како на внатрешниот така и надворешниот пазар. Сепак повеќето од компаните рангирани во топ 100 успеаја да ги задржат нивните позиции меѓу стоте најдобри дури и од минатата година – рече Хоџа.

Тој оцени дека компаниите демонстрирале промени, визија и конструктивно раководење.

– Статистичките податоци  покажуваат дека прометот на 100-те поголеми компании е над 622 милиони евра со нето добивка што достигнува до 36 милиони евра. Бројот на вработени е околу 5.000. Тоа е показател за развој на овие компании согласно добрите одлуки  на нивните менаџери – рече министерот за економија Дритон Кучи.

Позитивните резултати на овие компании, посочи Кучи, се потврда за  за определбата кон економски политики за развој без оглед на компицираната политичка состојба и несигурноста на фирмите за одлучување.

На прогласувањето на компаниите присуствуваа министрите за финансии Кирил Миноски и за правда Владат Џафери, првите луѓе на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопанските комори, Македонско-бугарската стопанска комора, амбасадори…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top