УЕФА во текот на целата оваа сезона ја прославува 60-годишнината од постоењето на Купот на шампионите, односно актуелната Лига на шампиони, а пред одигрувањето на новите натпревари во групната фаза, денеска беше објавена листата на 10-те најуспешни тимови од 1995 година па се до денес.
Класификацијата на европската куќа на фудбалот е заснована според едно едноставно правило, а тоа се вкупно освоените бодови кои ги остварил секој од клубовите додека се натпреварувал во најелитното натпреварување на стариот континент.
Очекувано, убедливо најдобар е десеткратниот шампион Реал Мадрид кој има освоено 729 поени, односно дури 159 повеќе од Баерн Минхен кој е втор најуспешен тим според УЕФА.
Трета е Барселона која покрај петте освоени титули има остврено 149 победи и 50 порази, а изненадувачки петти е Милан кој и покрај тоа што има освоено 7 шампионски титули (втор на вечната листа), сепак има прокнижено само 404 бода на 172 одиграни натпревари во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.