Вчера околу 14.00 часот во населба Свети Стефан во Охрид, при изведување на градежни работи, дошло до лизгање на земјиштето и одрон на земја, при што затрупан бил С.Б.(49) од Р.Албанија, кој починал на самото место.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител, ќе се врши обдукција над починатиот во ЈЗУ Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.