| четврток, 6 декември 2018 |

Светски познатиот џез-трубач Душко Гојковиќ на концерт со Македонска филхармонија

Познатиот џез-трубач Душко Гојковиќ вечерва ќе одржи концерт со Македонската филхармонија во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот.

Концертот е со наслов „Душко Гојковиќ квартет“, диригент е маестро Борјан Цанев, а ќе настапат и членовите на квартетот Ренато Кико на пијано, Мартин Ѓаконовски-Шпато на контрабас и Владимир Костадиновиќ на тапани.

Филхармонијата посочува дека концертот е македонска промоција на албумот „Душко Гојковиќ со гудачи“ првично објавен како „Бранденбург концерт Душко Гојковиќ стринг“ затоа што е снимен во живо со гудачите на Симфонискиот оркестар од Бранденбург. На него се снимени композиции на Гојковиќ аранжирани од британскиот саксофонист и аранжер Питер Кинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top