Раководството на Барселона не е премногу загрижено поради преговорите за нов договор со Лионел Меси бидејќи каталонскиот гигант е подготвен да испрати понуда што нема да може да биде одбиена. Шпанските медиуми утрово го обелоденија планот на претседателот Бартомеу, кој на стартот од новата година ќе ги почне преговорите со таткото ма Лео, Жорге Меси.
Понудата на Барса ќе изнесува 35 милиони евра нето плата по сезона по сезона, сума многу повисока од онаа што Роналдо ја доби со новиот договор со Реал Мадрид. Каталонците се убедени дека тоа ќе биде доволно за Меси да пресече и дефинитивно да го стави својот потпис на новиот договор, со што би бил ставен и крај на сите шпекулации околу иднината на најдобриот фудбалер на денешницата. Покрај овие пари, Меси би задржал и значаен процент од имиџ-правата, со што заработувачката на Аргентинецот би ја достигнале сумата од 50 милиони евра.
Каталонскиот гигант потпиша мегадоговор со новиот спонзор Ракутен, во најскоро време ќе биде официјализиран и новиот договор со „Најк“, а приоритет на челниците на Барса ќе биде овие зголемени приходи да се искористат за нови договори со постојните играчи. Со Суарез речиси сите детали се договорени, за очекување е во текот на јануари нов договор да потпише и Меси, по што каталонците вниманието ќе го насочат кон Иван Ракитиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.