| четврток, 6 декември 2018 |

Светско а наше – македонска компанија меѓу водечките во светот

Македонската компанија за недвижнини „Њу Веј Лимитед“ („New Way Limited“) е избрана за членка ва Организацијата на Водечки компании за недвижности во светот. Оваа организација со седиште во Чикаго е глобална мрежа составена од 500 најпознати локални и регионални компании за недвижности, со 4.600 канцеларии и 140.000 соработници во повеќе од 40 земји во светот. Оваа мрежа на годишно ниво продава 900.000 домови.

-Изборот да не одберат токму нас за  филијала на мрежата на Leading Real Estate Companies of the World® претставува чекор напред во развојот на компанијата и нејзината способност да обезбеди услуги поврзани со недвижности во Скопје и пошироко. Тоа значи дека ова е обврска плус за нас како компанија, која како досега така и понатаму поставува нови стандарди во работењето во делот на агенциската работа со недвижнини. Нашата компанија има над 10 агенти за продажба, големо портфолио на клиенти, а добивањето на статус членка во оваа мрежа бараше од нас исполнување на светски стандарди во овој дел –  изјави Оливер Димитровски, сопственик и управител на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top