На пазарот на поранешна СФР Југославија, популарниот велосипед „Пони“ кој по италијанска лиценца се произведуваше во Словенија, ќе се продава од почетокот на следната година во модернизирана верзија.
Велосипедите ќе се прават во повеќе верзии и од различни материјали, а цената на основниот модел ќе биде 329 евра, додека најскапиот „премиум“ модел со дополнителни компоненти ќе чини 789 евра, објавија словенечките медиуми.
Производството почнува на пролет следната година, но веќе сега можат да се нарачаат. Тие ќе се продаваат од фабриката „БТЦ“, а официјално ќе ги произведува фабриката „Горе колеса“ во соработка со „Горење“ од Велење во чии погони и ќе се монтираат.
Модернизираниот „Пони“ под наслов „Гор колеса“ ќе биде наменет за сите возрасти, а на почетокот купувачите ќе можат да избираат меѓу три модела во 28 различни комбинации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.