| четврток, 6 декември 2018 |

Младите фудбалски селекции го добија противниците во квалификациите за ЕП

Младите македонски фудбалски репрезентации до 19 и до 17 години ги дознаа своите противници во квалификациите за Европските шампионати.

Македонската репрезентација до 17 години на извлекување во Нион за противници ги доби врсниците од Босна и Херцеговина, Словачка и Молдавија. Оваа репрезентација воедно ќе биде и домаќин на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во нашата земја од 2 до 8 октомври 2017 година.

А, селекцијата на Македонија до 19 години во квалификациската рунда за Европското првенство ќе игра во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Натпреварите ќе се одиграат во периодот од 8 до 14 ноември 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top