| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓукановиќ останува во политиката

Поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека останува во политиката, но од друга позиција.

Медиумите во земјата информираат оти тој истакнал дека никогаш не калкулира, како и дека досега двапати се повлекувал и повторно се враќал во политичкиот живот.

„Останувам во политиката од друга позиција, зад дневната политичка сцена“, посочи Ѓуканович и додаде оти смета дека има и искуство и инспирација да помогне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top