Во шестиот натпревар од полуфиналето на источната конференција во најсилната лига на светот НБА, екипата на Индијана Пејсерс излезе како победник и со тоа се пласираше во финалето на истокот против актуелниот шампион Мајами Хит.
Њујорк водеше на средината на последната четвртина и се очекуваше да победи на овој меч и да обезбеди мајсторка на свој терен.
Играчите од Индијана не мислеа така и со серија од 11:2 го преземаа водството и рутинирано го доведоа натпреварот до крај.
Најефикасен играч во редовите на домакините беше Ленс Стивенсон со 25 поени што е негов личен рекорд во плеј оф серијата.
Најдобар на паркетот сепак беше Кармело Ентони со 39 поени, но во последната четвртина потфрли и постигна само 4 поена.
Интересно е што Индијана во текот на регуларната сезона два пати го совладала тимот на Мајами и им дава дополнителна мотивација дека финалето ќе донесе вистинска и изедначена серија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.