Стартот на планинарскиот марш посветен на 137-годишнината од Разловечкото востание, „По трагите на разловечките востаници„, рано утрово беше означен со заедничка фотографија на новоизградениот мост на реката Желевица кај село Тработивиште.
Планинарите симболично го носат востаничкото знаме, што ќе биде истакнато во Спомен-домот на Разловечкото востание.
Маршрутата е долга 11 километри, а планинарите треба да ја совладаат за два часа и 30 минути. Организатор на маршот е Општината Делчево, а учествуваат планинари од Скопје, Пробиштип, Пехчево, Делчево и од други места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.