Вчера во 17.40 часот во ПС Кавадарци, З.К., претседател на Општинска изборна комисија Кавадарци, пријавил дека во периодот од 01.30 до 06.30 часот во големата сала, просторија што ја користеле во објектот на Општина Кавадарци, непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот влегол преку вратата од салата, која била заклучена, а на која не се констатирани оштетувања, и одзел три УВ-ламби и неколку перничиња за печати, пенкала кои се користеле за гласањето и линијари.
Увид извршила екипа од ПС Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.