Намалувањето на испумпувањето на нафта, почнувајќи од 1 јануари, доаѓа по неодамнешната одлука на земјите-членки и земјите производители кои се надвор од картелот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за ограничување на производството.
-Почнавме да ги информираме потрошувачите за очекуваното намалување на понудата на нафта за да се обезбеди усогласување со земјите на ОПЕК и нивните квоти – се вели во соопштението на Сад Шерида Ал-Каби, преседател и главен извршен директор во државната компанија Катар Петролеум.
Во соопштението нема детали за иднината на катарското ниво на производството на нафта. Националниот нафтен конгломерат Кувајт Петролеум исто така ги информираше клиените дека нивните извозни количини ќе бидат намалени, почнувајќи од јануари, но и тие не објавија за колку ќе биде намалена испораката.
Локалните медиуми, пак, тврдат дека Кувајт задолжително ќе го намали транспорт на 130.000 барели дневно од сегашното ниво од три милиони барели дневно.
Адонок конгломератот од Обединетите Арапски Емирати во саботата објави дека ќе се посвети на исполнувањето на новите услови на ОПЕК, и дека со клиентите строго ќе соработува според ревидитираните квоти за јануари.
Адонок произведува повеќе од 3,15 милиони барели нафта дневно. Членките на ОПЕК се согласија дека од 30 ноември ќе го намалат производството на “црното злато” за 1,2 милиони барели на ден, а на почетокот на овој месец им се придружија и земјите производители надвор од картелот кои се согласија да го намалат производството за 558.000 барели дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.