| четврток, 6 декември 2018 |

Болката не стивнува – шест месеци без малиот ангел, кој ѕверски беше силуван и убиен

anga

Владица Рајковиќ (28) од селото Вратарница, во близина на Зрењанин, кој на 9 јули ја силуваше, а потоа и уби 3,5 годишната Анѓелина Стефановиќ, вратен е во затвор од набљудување од специјалната болница во Белград.

Душанка Стефановиќ, баба на ѕверски убиеното девојче, вели дека слушнала дека Рајковиќ е вратен во Заечар и бара крвникот да биде најстрого казнет.

-Нека го кастрираат!Не му е ништо штом го вратиле од психијатриско набљудување. Нему не му фали ништо – огорчена е Душанка, која подготвува шестемсечен помен за малата Анѓелина.

Таа вели дека нејзината ќерка Даниела уште закрепнува од шокот, но дека сепак нема да се врати на сопругот во Заечар со кој има две малолетни деца.

-Го посетуваме гробот на Анѓелина, но ништо незнаеме кога ќе му судат на нејзиниот убиец. Од никого не сме добиле помош, ниту пак некој не посетува – вели Душанка која живее со ќерката Даниела и сопругот.

anga2

Според непотврдените информации, неколку затворенициц се обиделе навистина да го кастрираат силувачот и убиец во затворот, но тоа било спречено од страна на чуварите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top