| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка монструм си ги фрли синот (6) и ќерката (3) низ балкон

Според лекарите двете малолетни деца преживеале благодарение само на тоа што паднале врз пластична маса која се наоѓала на балконот на соседот на првиот кат, која го ублажила страшниот пад од 7 метри висина.

Инцидентот се случил во саботата во италијанско село Бусто Арсизио, а 42-годишна мајка С.Б. веднаш била уапсена од страна на полицијата.

Таткото на децата во времето на несреќата купувал намирници , а во станот со неговата сопруга и децата била нејзината мајка која подготвувала ручек.

Депресивната мајка пред само недела дена била пуштена дома од болничко лекување . Соседите за италијанските медиуми изјавиле дека таа често го „истурала“ својот гнев врз нејзините две малолетни деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top