Девојката која била потурена со солна киселина во очите во Белград не е жртва на сериски манијак, туку најверојатно е нападната поради одмазда и љубомора, дознава српски „Курир“.
Инспекторите ја сослушале жртвата и според нејзиниот исказ заклучиле дека не е случајна жртва. Девојката била нападната на 11 декември на Дорчол и не била расположена да соработува со полицијата.
Полицијата веднаш почнала да трага по дорчолскиот манијак, бидејќи постоеле сомнежи дека намерно ги одбира жените, ги следи во пракот и на крај ги прска со киселина, но таа информација се покажа како неточна. Изворот за весникот тврди дека девојката знае кој и зошто ја нападнал, но засега не сака да ги открие деталите, бидејќи најверојатно се работи за нејзинот поранешно момче. Но, исто така, се испитува дали воопшто напаѓачот бил маж или можеби тоа било акт на љубомора од страна на жена.
Во неделата девојката пријавила дека била нападната пред својата зграда. Таа изјавила дека непознато лице ја нападнало од зад грб додека ја отклучувала вратата и и ставило натопена крпа преку носот и устата, Кога почнала да се бори, напаѓачот извлекол шишенце од џебот и ја испраскал по косата и по телото, повредувајќи и го телото. За тоа време нејзиното момче го паркирало автомобилот позади зградата.
Полицијата ги прегледала и снимките од сигурносните камер и ги распрашала соседите.
Повредената девојка има опекотини по телото, но најлоша е повредата на окото. Таа се наоѓа на Очната клиника во Клиничкиот центар. Претрпела и голем шок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.