Горниот кат и покривот од куќа на улица „Маршал Тито” во Демир Капија изгореле во пожар што избувнал синоќа околу 19 часот. Како што информираше утрово командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино Илчо Богевски, пламените јазици биле локализирани во 22 :30 часот. Повредени лица нема.
– Интервениравме веднаш штом ја добивме пријавата за пожар. Сторивме се што можевме, во гаснењето учествувавме со две противпожарни возила и шест пожарникари, соопшти Богевски.
Сопствениците на индивидуалниот станбен објект кој горел биле на работа во Италија, на лице место биле нивни блиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.