| четврток, 6 декември 2018 |

Носи број 36 – Анистон направи моден гаф!

%d1%9f%d0%b5%d0%bd%d0%b8
Некои ѕвезди го откриваат името на брендот кој го носат, некои ја покажуваат и етикетата на својата гардероба, а некои го прават и едното и другото. Џенифер Анистон спаѓа во втората група.

Славната актерка неодамна во емисијата на Џими Кимел прошетала во креација на модната куќа „Селин“. Но, претходно заборавила да ја извади етикетата од облеката.

%d1%9f%d0%b5%d0%bd%d0%b82

Анистон изгледала одлично, но модниот гаф го расипал впечатокот. Голем број на ѕвезди (не е тајна) носат брендирана облека како промотери, ја носат на јавни настани, па потоа им ја враќаат на дизајнерите.

Не е тајна дека се прави тоа, тоа и ја објаснува етикетата, но е добро познато дека тоа се „тајни кои не се откриваат“, туку брендираната облека се носи суптилно.

Џенифер потфрлила, па почнала да се брани: „Не можам да верувам дека ова ми се случи. Уште е потажно дека тој капут пред премиерата го носев четири пати. Го добив како подарок по снимањето на реклама. Го носев и дома, никогаш не сум ни помислила на етикетата со цена на поставата на капутот. Откако го имав облечено четири пати и ова се случи.“

Џен, која во последно време трча од снимање на снимање, во целата таа збрка си дозволила и ваков пропуст.

Иако, мора да признаеме, добро изгледа и на сите им покажа дека е во топ форма со оглед на тоа што носи големина 36!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top