Со гол од слободен удар во последните моменти од мечот, Партизан ја победи Црвена Ѕвезда и со тоа дојде до 5 бодови предност со кои во последните две кола има огромни шанси да ја освои титулата во српскиот шампионат.
Победничкиот гол го постигна Јојиќ, а за Партизан во текот на целиот меч играше и македонскиот репрезентативец Александар Лазевски.
До крајот на мечот, Ѕвезда имаше идентичен слободен удар, но голманот на Партизан со атрактивна парада ја исфрли топката во корнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


