– Почнав да ги довикувам колегите кои седеа покрај мене во авионот, но за жал, сите беа мртви. Мислам дека преживеав затоа што се разбудив во моментот кога покрај мене поминуваа припадниците на службата за спасување, изјавил новинарот Рафаел Хензел, еден од малкуте кои го преживеаја падот на авионот во кој загина 71 патник од кои 19 членови на бразилскиот клуб Чапекоенсе.
Хензел ги раскажал последните моменти од кобниот лет. Тој изјавил дека пилотот во последните моменти пред несреќата не ги известил патниците да ги прикачат своите појаси, пишува британскиот таблоид Дејли Мејл.
– Ниту во еден момент не беше кажано од пилот или некој друг што беше задолжен за информација да ги врземе појасите. Само продолживме да летаме без идеа што ќе се случи, изјави Хензел кој уште се наоѓа во Колумбија каде се опоравува од тешките повреди.
На 28. ноември полетал авионот од Санта Круз во Боливија и поради недостиг на гориво се урнал во плнанините покрај аеродромот во Меделин, Колумбија. Од 77 патници преживеаја само шест, а меѓу загинатите се 19 фудбалери на клубот Чапекоенсе, како и 20 новинари.
Преживеаја двајца членови на екипажот, Хензел и тројца фудбалери, Алан Рушел, Фолман и Нето. Хензел исто така изјави дека пред кобното паѓање, неколку патници почнале да прашуваат за колку време ќе слетаат, на што добиле одговор од службата “за десет минути”.
– Наеднаш се изгасија светлата и откажаа моторите, а сите брзаа да седнат на своите места и брзаа да го прикачат појасот пред да удриме во брдо, додал Хензел.
Кога се разбудил, околу себе ги видел луѓето за спасување како ги вадат жртвите, а поради седум скршени ребра чувствувал голема болка.
– Почнав да ги довикувам колегите кои седеа покрај мене во авионот, но за жал беа мртви. Верувам дека преживева затоа што се пробудив во моментот кога покрај мене поминуваа припадниците на службата за спасување, вели новинарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ненадејно почина српскиот новинар Борис Триван, уредник на порталот „NOIZZ“
-
Си-Ен-Ен: Саудијците се подготвени да го признаат убиството на новинарот Кашоги
-
„Ројтерс“: Турција има снимка од убиството на саудискиот новинар