Американскиот магазин „Стар“ на насловната страница ја има Анџелина Џоли која најавува пресврт во нејзиниот однос со поранешниот сопруг. Актерката, тврди весникот, го сака Бред Пит назад.
Стар тврди дека актерката е се поблиску до тоа да даде втора шанса на Бред. Точката на прекршување била прославата на Денот на благодарноста, кога Анџелина се почувствувала осамена.
-После 12 години заеднички живот, тие имаат посебна врска.Анџелина постојано се прашува дали со наглата одлука ги отфрлила годините кои би можеле да бидат најдобри во нејзиниот живот- рекол извор и додал дека борбата за старателство над децата за Џоли била многу тешко искуство.
И на Бред Пит, кој Денот на благодарноста го поминал на Кипар со пријателите, разводот влијаел негативно.
Се чека расплет на судскиот спор, а можеби ќе се случи и најголемиот пресврт, на Анџелина и Бред да се обидат повторно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Драмата околу старателството продолжува: Бред Пит не сака децата да бидат близу Аџелина
-
Новата девојка на Бред Пит од него е помлада 32 години: Но тоа не е единственото што ќе ве шокира!