| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска: Наместо да барате оставка од Груевски, погледнете си ги лидерите кои ви прокоцкаа две години

Нападите и навредите врз неистомислениците од кампусот на СДСМ сега се насочуваат кон оние кои бараат одговорност од раководството на опозицијата за изборниот пораз. Цел на нападите се и оние „соборци“ кои сега „се осудиле“ да побараат одговорност. Но, и заради тоа што укажуваат дека воопшто е недолично странски амбасадори да се плеткаат во работата на ДИК.

Имам информации дека Бејли се пазари во ДИК за пата ситуација, спасување на образот за сите потрошени пари во поддршка на смена на режимот и формирање концентрациона влада. Колку да си знаеме кој е газдата! Мислите гајле им е за демократијата во МК? Би рекла во прашање се поголеми влогови во меѓународен контекст. Ние сме небитни!“- напиша вчера професорката Билјана Ванковска на Фејсбук, што ја почна лавината од коментари, исто како и нејзиниот пост по објавувањето на резултатите од Изборната комисија каде додава „ Дочекавме: DIK has spoken at last! Резултатот не ме радува, но ќе биде олеснување да се знае дека амбасадорите се повлекоа. Сега следува потешкиот дел од работата: соочување со стварноста, секој со сопствените грешки и/или криминали, со потреба од некаква нормализација, сумирање на штетите и фаќање за работа“.

vankovska-mrt-450x253

Тоа што најмногу ги погоди е нејзината анализа дека наместо да гледаат „во туѓиот двор и бараат оставки од тамошните лидери“, да „си ги гледаат своите лидери кои прокоцкаа две години, и бомби и пролет и револуции, за да се радуваат или дури и ценкаат со помош на американска амбадсада за пат-ситуација и широка влада, па уште тоа го нарекуваат голема победа. Патетично!“, оценувајќи притоа дека „Револуцијата и онака беше фејк, затоа и ваков исход на изборите“.

Поради став изнесен на ФБ, а со кој не навредувам никого (освен што укажувам дека некој ни го навредува здравиот ум), сега во опозициските кругови сум повод за покажување на нивната култура на почитување на различно мислење, безомразно, одбегнување ad hominem напади, и неизоставните клевети дека ме „слушнале во бомбите“. Па така, си читам дека сум калаштура, одвратна и злобна, грдата гејша, крава… Мислам дека ви е јасно! Се разбира, навикната сум и ова не ме допира, дури и кога доаѓа од мои колешки од Факултет и универзитет – но, тоа нема да ме натера да престанам да го пишувам она што го знам и мислам. Овие демокративе ќе мораат да се преиспитаат зошто не го збришаа режимот на Груевски и зошто мнозина не можат да застанат во ист фронт со нив“- беше реакцијата на Ванковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top