Даркос Данило Падилја, еден од 19 фудбалери на Чапекоенсе кои трагично го загубија животот во авионската несреќа која се случи на 28. ноември синоќа доби постхумно признание. На изборот за најдобри спортисти во Бразил, голманот доби награда за најдобар фудбалер за изминатата година. Наградата ја прими неговата мајка, Дона.
– Чапеко денес живее многу тешко, ова се тешки моменти за нас. Луѓето се тие кои ме одржуваат во живот. Така јас можам да застанам исправено денес. Сакам да им испратам голема прегратка на децата на Чапеко, тие најмногу патат. Данило и останатите беа нивни идоли – кусо изјави Дона по примањето на наградата.
Данило беше помеѓу првите шест преживеани од падот на авионот, но набрзо по пристигнувањето во болницата во Меделин им подлегна на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.