Островот Монте Кристо, кој славен го направи големиот француски писател Александар Дима во својот роман „Грофот од Монте Кристо“ од 19 век, ја чува легендата за закопано богатство, кое таму го сокрил Црвенобрадиот лично.
Само илјада туристи годишно, или подобро речено среќници, имаат дозвола за посета на овој природен рај. Постои и листа за чекање. Ако се запишете сега островот ќе може да го посетите во 2019 година.
Точната локација и содржина на скриеното богатство и понатаму се мистерија, а гласините за островот како место на кое се крие плен, започнале уште пред неколку стотици години, кога манастирот на островот почнал да стекнува големо богатство.
Сепак, некои веруваат дека Црвенобрадиот со своите грабежи во 16 век, сите украдени скапоцености ги сокрил токму тука.
Во секој случај, островот сигурно ќе биде место на легенда уште некое време, а ако ви се чита за богатството, прочитајте ги доживувањата на грофот од Монте Кристо во веќе споменатото ремек-дело на светската литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.