| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеаниот фудбалер на Чапекоенсе ја сонувал несреќата 24 часа претходно

neto

Нови морничави информации излегоа на површина за авионската несреќа на експедицијата на Чапекоенсе, откако беше обелоденето дека дефанзивецот Нето ја сонувал несреќата 24 часа пред кобниот лет. Нето, кој е еден од тројцата преживеани фудбалери на бразилскиот клуб, потоа не сакал да патува за Колумбија, за на крајот да биде убеден од остатокот од тимот поради значењето на финалниот натпревар.

– Кога ќе биде во состојба – Нето сигурно ќе ви го потврди тоа што ќе ви го кажам сега. Еден ден пред несреќата тој имаше кошмар како авионот со кој лета екипата се урива. Беше видно потресен, па на сопругата и кажа дека не планира да патува повеќе. На крајот дојде со остатокот од тимот бидејќи тоа сепак требаше да биде големо финале, сега неговиот кошмар е реалност – изјави клупскиот лекар на Чапекоенсе, Мендонка.

Лекарите во клиниката во Колумбија решија да му ја кажат вистината на Нето за авионската несреќа, откако првите зборови на дефанзивецот биле прашање како завршило големото финале. Прво ставот на лекарскиот тим беше дека вистината може дополнително да ја искомпликува неговата состојба, но на крајот, сепак, била донесена одлука тој да дознае што, навистина, се случило за време на кобниот лет.

– Тој ги забележи многубројните модринки на телото, рацете и на нозете и почна да се сомнева. Стана премногу нервозен и инсистираше да му се каже вистината, по што психологот во болницата заедно со неговите најблиски му соопшти што, всушност, се случило. Разговорот траеше повеќе од два часа – соопштија од лекарскиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top