| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија по трагедија: Снежана Ѓуришиќ остава уште една тешка година зад себе

Српската пејачка на народна музика Снежана Ѓуришиќ по неколку години пауза повторно учествувала на снимањето на новогодишната програма на „Пинк“ телевизија. Отсуството било и повеќе од оправдано. Зад неа остава тешка и тажна година, но таа сепак успеала да ја врати насмевката на лицето, пишува „Пинк“.

– Беше многу тешка година, го изгубив мојот татко и тоа навистина беше страшно за мене. Но, тагата е зад мене, спомените се тука, а од спомени се живее. За жал, животот е таков, мораме да ги испраќаме драгите луѓе, но тоа само нека оди со ред – вели пејачката.

 

Синот на пејачката Марко Гвозденовиќ во 2001 година имал сообраќајка несреќа во која животот го загубила неговата тогашна девојка. Пред повеќе од три години, пак, во Виена почина сопругот на Снежана. Пејачката тешко го поднела овој губиток, бидејќи со него била уште од својата 17 година. Ноќта кога починал, прво ја одвел Снежана на закажаниот настап во Виена, а кога се вратил во хотелот ненадејно му се слошило и починал на лице место. Веста за смртта Снежана ја примила среде настап.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top