Пред точно една седмица, Алесандро Џентиле и раководството на Армани Милано ја раскинаа петгодишната врска која ја градеа на кошаркарските терени во Италија. Преостанатиот дел од сезоната италијанскиот репрезентативец ќе го помине како позајмен играч во некој клуб додека не му истекне договорот кој во 2014 го обнови со Милано.
Набрзо по обелоденувањето на одлуката на клубот и кошаркарот испливаа гласини дека Барселона успеала да го преземе во своите редови, но до таков договор нема да дојде. Можеби Барселона го совлада Панатинаикос неодамна во рамки на Евролигата, но „детелинките“ од Атина победија во битката за Џентиле.
Кошаркарот и раководството на клубот се сретнале изминатиот викенд и постигнале договор за до крајот на сезоната со можност за продолжување на соработката доколку двете страни се задоволни. Актуелниот договор на италијанскиот репрезентативец со Армани Милано е со важност до 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов голем инцидент фрли црна дамка на грчкиот фудбал, тренерот на ПАОК погоден со лименка пиво (видео)
-
Фенербахче со „метла“ за Панатенаикос, Перо Антиќ е повторно на фајналфор во Евролигата
-
Антиќ: Имам минато со навивачите на ПАО, нивната реакција уште повеќе ме мотивира (видео)
-
ЦСКА и Фенебахче со огромна предност во четвртфиналето, Антиќ на чекор пред фајналфор на домашен терен