| четврток, 6 декември 2018 |

Изгорea две живеалишта во ромската населба во Кавадарци

Две живеалишта изгореа во пожар кој избувна вечерва во ромската населба Тенеки маале во Кавадарци, кај Земјоделско-шумарското училиште „Ѓорче Петров“.

Командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информираше дека нема повредени и оти интервенирале со тројца пожарникари и две возила, а помогнале и двајца пожарникари со едно возило од „Кожувчанка“.

– Засега со сигурност не можеме да кажеме за причините поради кои настанал пожарот. Вложивме натчовечки напори пожарот да не се прошири на останатите објекти од населбата, рече Богевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top