Селеторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар, го објави поширокиот список на ракометари за мундијалот во Франција во јануари 2017 година. Големо изненадување е неповикувањето на Борко Ристоски, а повикан е и ракометарот на Вецлар, Филип Миркуловски. Исто така, уште еден ракометар кој испиша историја во нашиот репрезентативен дрес, Ацо Јоновски, не е повикан ниту на поширокиот список.
Поширок список на ракометари за СП во Франција:
Кирил Колев, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Давор Палевски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Кирил Лазаров (капитен), Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски , Влатко Митков, Мартин Манасков, Филип Миркуловски, Ласко Андоновски, Мартин Поповски, Мартин Крстевски, Горан Велковски, Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓиевски, Бојан Маџовски, Јовица Младеновски.
Репрезентацијата на Македонија во периодот од 11 до 29 јануари 2017 година ќе настапи во групата Ц и ќе игра против Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд, а натпреварите ќе се играат во градот Мец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.