| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски во Брисел на средба со Хан и шефовите на дипломатиите на ЕУ

poposki-han

Министрите за надворешни работи на 28. земји-членки на Европската унија денеска во Брисел ќе имаат работен појадок со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Во организација на министрите на Австрија, Унгарија и на Словенија, Себастијан Курц, Петер Сијарто и Карл Ерјавец, целиот Совет за надворешни работи на ЕУ (ФАК) и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, ќе присуствуваат на средбата со министерот за надворешни работи на Република Македонија за да разговараат за исходот од предвремените парламентарни избори.

На неколку часа пред состанокот на Советот на ЕУ, каде треба да се усвојат заклучоците за Самитот на Европскиот совет што е закажан за четврток идната недела, шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите плус Хан, директно од Попоски ќе се информираат за исходот на македонските избори и плановите на идната политичка влада, која според очекувањата на Брисел ќе продолжи по евро-атлантскиот пат.

Овој вид работен појадок на Советот за надворешни работи на Европската унија со Македонија се чини станува традиција, ако се знае дека на истото место и во исто време минатата година беше организирана идентична средба со македонскиот министер за надворешни работи, која исто така ја организираа неговите колеги Курц од Австрија и Сијарто од Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top