| четврток, 6 декември 2018 |

Турските власти уапсија над 100 членови на прокурдската Демократската партија на народите

pol

Турските власти уапсија над 100 членови на прокурдската Демократската партија на народите по двојниот терористички напад во Истанбул каде одговорноста ја презеде радикалната курдска група Јастреби за слободата на Курдистан, јави Анадолија.

Полицијата рано утрово изврши апсења во Истанбул, Анкара, Адана и Мерсин. Меѓу приведените се лидерите на локалните организации во Истанбул и во Анкара.

Тие се осомничени за пропагирање тероризам, а дел од нив за членство во ПКК која Турција ја смета за терористичка организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top