Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, им честиташе на граѓаните за успешно спроведените избори.
Македонија повторно имаше фер, демократски и слободни избори на кои граѓаните си го кажаа своето мислење, рече Груевски, кој што се заблагодари на сите граѓани кои што гласаа во демократска атмосфера, и овозможија Македонија да постигне успех на овие избори.
-Посебно да се заблагодарам на оние кои ја дадоа поддршката за ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата, кои според резултатите 88,61 % обработени гласови е поддршка со 434.051 глас за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 415.258 за СДСМ и со тоа ВМРО- ДПМНЕ е победник на овие избори во Република Македонија. Денес победи ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата, но и Република Македонија, честитки- рече во обраќањето Груевски.
Ова е 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и десетти пат по ред мнозинството граѓани гласаа и со најголем број гласови го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме и сакаме да продолжиме да работиме. Ќе работиме оваа подршка да ја оправдаме и да не ги изневериме, додаде Груевски заблагодарувајќи се на сите гласачите, како и на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на сите партии во коалицијата.
Следува процес на формирање коалиции и влада, додаде Груевски.
-Кризата мора да заврши и Македонија мора да оди напред, тоа ќе биде наша цел овие денови и недели- оцени Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија секогаш ќе бидат со народот со граѓаните и ќе работат во корист на државните и националните интереси, нагласи Груевски.
-Како и да се свртат работите, што и да се случува, ова го кажуваме и пред, а сакам да го кажам и после изборите, дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и ќе остане на линијата на државните и национални интереси и во корист на граѓаните на Република Македонија- порача Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори имаше исклучителен тежок противник затоа што тоа не беше само СДСМ и тоа сите го знаете и затоа оваа победа има посебна тежина и важност, особено ако се погледне низ што се минавме минатите 2,5 години и како партија и како држава, оцени Груевски.
-Она што е видливо по преброените 86% е дека бројот на гласови за ВМРО-ДПМНЕ е во рамките на константната поддршка, а поголеми изненадувања имаше кај албанскиот електорат. Очигледно е дека на овие избори СДСМ има значителна поддршка од албанскиот електорат. Но, од анализите во наредните денови ќе извлечеме заклучоци и пораки- рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето по денешните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер