Анџелина Џоли беше фотографирана во јавност првпат по поднесувањето за развод од Бред Пит. Актерката и две од шестте нивни деца беа видени пред хотелот „Бел Ер“ во Лос Анџелес.
Според информациите до кои стигнаа странските медиуми, Џоли е во потрага по дом во Лос Анџелес за децата да продолжат да имаат близок однос со Пит.
Анџелина побара развод во септември. Како причини за разводот беа наведени конфликти околу децата, злоупотреба на супстанции и проблеми со контролата на бесот.
Пит беше под истрага од полицијата и социјалните служби на Лос Анџелес за вербално и физичко малтретирање на децата. Сепак, на крајот беше установено дека нема основа за поднесување пријава.
Засега децата живеат со Анџелина. Бред има право повремено да ги посетува, а на нивните средби секогаш присуствува терапевт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!