| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе му прости Роналдо на Кристијано Јуниор

Станува збор за дресот со бројот седум, кој во финалниот натпревар од последното ЕП 2016 го носеше најдобриот фудбалер на лутиот градски ривал, Атлетико (М), Антоан Гризман

Синот на најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Кристијано Роналдо Јуниор, пред неколку дена се сликаше во дресот на еден од најголемите ривали на неговиот татко.

За време на најголемиот дерби натпревар во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Барселона и Реал (М), мајката на Кристијано Роналдо, Долорес, на својот профил кој го има на познатата апликација Инстаграм, постираше фотографија на која синот на португалскиот интернационалец носи дрес на фудбалската репрезентација на Франција.

Станува збор за дресот со бројот седум, кој во финалниот натпревар од последното ЕП 2016 го носеше најдобриот фудбалер на лутиот градски ривал, Атлетико (М), Антоан Гризман. По натпреварот Гризман и Роналдо си ги разменија дресовите.

Неколку недели по завршувањето на ЕП 2016, Роналдо и Гризман имаа интересна средба во Мајами, а португалскиот интернационалец откри дека Французинот, во еден момент се доближил до неговата маса, со цел да му шепне дека го мрази поради поразот во финалниот натпревар.

Сепак, Кристијано Јуниор го облече дресот на Гризман и се сликаше пред тортата, а под сликата неговата баба напиша дека на овој начин му посакуваат среќа на Роналдо во дерби натпреварот против Барселона.

Благодарение на капитенот на “кралскиот клуб”, Серхио Рамос, кој ја затресе противничката мрежа во 90 минута, Реал (М) освои голем бод на тешкото гостување на “Ноу Камп”.

Ова не е прв пат, синот на познатиот фудбалер, да искаже чест на најголемите ривали на неговиот татко. Пред неколку години, за време на свечената церемонија пред да биде доделена “Златната топка”, Кристијано Роналдо го гушна најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, а неколку дена подоцна, Португалецот призна дека неговиот тим е голем фан на аргентинскиот интернационалец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top