Милитантната курдска група „Јастреби за слободата на Кудистан“ ја презедоа одговорноста за синоќешните експлозии во Истанбул, во кои се убиени 38 лица, а повредени 155.
Таа група, која се отцепи од Курдската работничка партија (ПКК), на својата Интернет страница напиша дека ја презема одговорноста за нападот.
Тие ја презедоа одговорноста за двојниот терористички напад, извршен во близина на стадионот Водафон Арена во истанбулскиот кварт Бешикташ, но и за повеќе други напади извршени во Турција во текот на оваа година.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска свика седница на Советот за безбедност во палатата Мабејн во Истанбул по синоќешните напади во градот. На седницата учествуваат премиерот Бинали Јилдирим и голем број министри.
Турција денеска прогласи еднодневна жалост, а премиерот Бинали Јилдерим нареди знамињата да се спуштат на половина копје.
Турското министерство за внатрешни работи објави дека 38 се загинати, а 166 повредени во терористичкиот напад што се случил на неколку локации во близина на Водафон арената, околу еден и пол час по завршувањето на натпреварот меѓу Бешикташ и Бурса. Најголемиот дел од жртвите се полицајци.
Истанбул е на нозе, а сочувство и гестови со поддршка стигнуваат од сите страни. Попладнево фудбалерот на Галатасарај, Јашин Озтекин, по постигнувањето на голот, не славеше со соиграчите, туку се стрча и ги прегрна полицајците кои го обезбедуваа мечот.
За утре, навивачите на Бешикташ ги повикаа сите навивачки групи да им се приклучат во маршот за осуда на тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Адеми на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор