Српската пејачка Рада Манојловиќ откри дека до толку е заљубена во своето момче Харис Берковиќ, што поради него престанала да ги пие таблетите.
– Kога сум заљубена, се ми е токму како што треба. Поради него престанав да пијам апчиња за спиење. Имав проблем со тоа, бев константо под тензија и не можев да спијам. Откако се заљубив во Харис, го немам тој проблем. Се вљубуваш, тој некој те сака и ти го враќа внатрешниот мир – изјавила Рада во емисијата „Премиера“.
Пејачката, исто така, додала дека првпат и се случила „љубов на прв поглед“ и дека поранешните момчиња со месеци ја освојувале, но во Харис веднаш паднала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.