Зинедин Зидан е најдобар доказ дека врвните фудбалери можат да станат и врвни тренери, откако Французинот продолжи да урива рекорди на кормилото на Реал Мадрид.
Победата над Ла Коруња беше максимално драматична, а ваквиот исход му овозможи на Зизу да стане тренер со најдолга серија без пораз во историјата на најтрофејниот европски клуб. Синоќешниот меч беше 35. во низа во кој Зидан ја нема почувствувано горчината на поразот, со што фудбалскиот генијалец го урна рекордот на Лео Бенхакер од сезоната 1988/89.
Скорот од 26 победи и девет нерешени дуели најдобро говори за тренерските квалитети на францускиот стручњак, кој сега ќе атакува на серијата на Луис Енрике од минатата сезона, кога тренерот на Барселона цели 39 натпревари не знаеше за пораз.
Ако го стигне Енрике, тогаш пред Зидан ќе бидат уште две рекордни серии, онаа од 40 меча на Нотингем форест од периодот од 1977 до 1978 година и 43-те средби без пораз на Јувентус од 2010 до 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)