Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска во ненадејна посета ја примил германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти Ватикан.
„За време на срдечниот разговор соговорниците зборуваат за долгите односи меѓу Светата столица и Германија. Споменаа и заеднички теми како што се општествената, политичката, економската и верската ситуација во Европа и во светот“, се наведува во соопштението.
Ватикан додава дека папата и Меркел за време на средбата, која траела 45 минути, разговарале за борбата за човекови права, прогонот на христијаните, верските слободи и меѓународната соработка со цел постигнување на мир.
Оваа приватна посета се случила во салата на библиотеката на апостолката палата на Ватикан во присуство на преведувач. Ова е прва посета на Меркел на папата Франциско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


