Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска вети одмазда за убиените полицајци во двојниот терористички напад во близина на стадионот во Истанбул и упати предупредување до оние кои ја изразиле поддршката за напаѓачите на социјалните мрежи, пренесоа британските медиуми.
Во двата крвави напади загинаа 38 лица и 155 се ранети, а дури 30 од жртвите се полицајци.
-Порано или подоцна ние ќе се одмаздиме, рече Сојлу за време на говорот на комеморативната церемонија во Главната права на истанбулската полиција.
Вицепремиерот Нуман Куртулмуш изјави дека, според досега обезбедените податоци, Курдската работничка партија (ПКК) веројатно стои зад двојниот напад во Истанбул.
Куртумлуш додаде дека во нападите се употребени 300-400 килограми експлозиви, информира турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.