| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гостивар до 13 часот гласале 18.528 лица

predvremeni-parlamentarni-izbori-2016-29-custom

Излезноста во општина Гостивар до 13 часот е 24,2 отсто. Вкупно 18.528 граѓани го искористиле правото на глас, информира претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Мустафа Муслиу.

Според ОИК, изборниот процес досега тече добро и не се регистирани застои или попречувања. Во општина Гостивар се регистрирани 76.362 лица на 121 избирачко место. Сите гласачки места утрово беа отворени навреме, во 7 часот. Гостиварци за избор на пратеници на предвремените парламентарни избори во 6ИЕ се определуваат за една од деветте листи на три партии и шест коалиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top