| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ одличен во победата на Фенербахче

Турскиот кошаркарски гигант Фенербахче експресно се рехабилитираше од неочекуваниот пораз од Тофаш во минатото коло, па денеска славеше на дерби дуелот од турскиот шампионат против Банвит со 76:71.

Дуелот го одбележа израмнета игра, а како клучна се покажа фантастичната серија на Фенербахче на стартот од последната четвртина, кога„сино-жолтите” постигнаа единаесет поени во низа за неполни три минути и поведоа со 65:56.

Антиќ одигра солиден натпревар и за 17 минути реализираше осум поени, шест скокови и една асистенција. Најдобри поединци кај Фенербахче беа Калиниќ со 16 поени и Слукас со 14 поени и 7 асистенции.

Фенер со овој триумф сега се наоѓа на делба на првото место на табелата со осум победи и два порази, заедно со Бешикташ и Банвит. На врвот би можел да се искачи Анадолу Ефес, кој има осум победи и еден пораз во своите први девет средби од турскиот шампионат сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top