
Гоца Тржан се пофали дека почнала да излегува и соработува со момче двојно помладо од сопругот Рашо Новаковиќ и вели дека многу и се допаѓа.
Станува забор за Михајло Илиќ, кој пејачката почна да ја следи на настапи и јавни случувања и речиси и стана десна рака. Очигледно дека Гоца сака да му врати на мажот мило за драго откако беше обелоденета неговата љубовна афера со Теодора Радојчиќ, па сега секаде го шета младото „пилешко“.

Гоца неодамна на снимањето на новогодишната програма во Пожаревац дојде со младиот соработник, без сопругот, иако претходните години тој секогаш доаѓал на овој настан. Седела сама со Михајло на маса и разговарале. Очигледно им било пријатно со оглед на тоа дека Гоца цело време се смеела.

-Еј погледнете каков е малиов!Уште е помлад од Рашо, вистинска кукла е. Инаку тој во иднина е задолжен за мојата кариера. Мое бебенце – рекла Гоца и го бакнала момчето во образ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


