| четврток, 6 декември 2018 |

Навреме отворени избирачките места во Ресен

На 50-те избирачки места во општина Ресен гласањето почна навреме во 7 часот утрово.

Претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски информира дека гласањето тече нормално без никакви проблеми.

– Сите изборачки места навреме се отворени без никакви проблеми. Изборнит процес засега се одвива нормално – изјави Пецалевски.

Во избирачкиот список во Ресен се регистрирани 16.562 гласачи, кои денеска ќе гласаат за една од листите за шратеници за предвремените Парламентарни избори во 5. Изборна единица.

Правото на глас вчера го остварија 69 изнемоштени и болни лица во општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top