| четврток, 6 декември 2018 |

Специјална проекција на „Ослободување на Скопје“ во Лос Анџелес

Во Лос Анџелес, САД, пред самото гласање за изборот на листата од 9 филмови кои од неанглиското подрачје конкурираат за најпрестижното филмско признание „Оскар”, се одржа последната специјална проекција на македонскиот кандидат за наградата Оскар „Ослободување на Скопје”.

Покрај голем број на членови на Академијата, на проекцијата присуствуваше и Анет Бенинг, која повеќе пати е номинирана за Оскар и добитничка на Златниот глобус.

rade-so-anet-bening

Во Лос Анџелес за филмот постоеше голем интерес кај американските медиуми.

Инаку гласањето треба да заврши в понеделеник, на 12 декември.

Филмот „Ослободување на Скопје“ кој заеднички го режираа Данило и Раде Шербеџија, беше сниман на неколку локации во Битола и премиерно беше прикажан на отворањето на годинашното издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола и предизвика воодушевување кај филмската публика.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top