| четврток, 6 декември 2018 |

Криза во БиХ: Се возат Мерцедеси од 150 илјади евра

mercedes-benz-s-350-05

Иако БиХ според економските параметри е меѓу 20-те најсиромашни држави во светот, тоа и не може да се заклучи ако се погледнат податоците за увоз на луксузни автомобили. Според Управат за индиректно даночење некои од возилата се вредни и над 150 илјади евра.

Најскапиот модел увезен во БиХ годинава е Мерцедес Бенц 350С со цена од 114 300 евра. Сопственикот платил давачки од околу 20 илјади евра.

Втор на листата е за неколку илјади поевтиниот Ленд Ровер, платен околу 100 000 евра плус данок од околу 17 илјади евра.

На трето место повторно е Мерцедес Бенц, модел С 350 од над 95 илјади евра и 17 илјади евра давачки.

Според Управата за 10 месеци годинава увезени биле над 53 500 патнички возила со вкупна вредност од 210 милиони евра и платени давачки од 39 милиони евра. Од сараевската управа потсетуваат дека од лани за увоз на стари автомобили од ЕУ не се плаќа царина, туку само ДДВ од 17 проценти.

Ако се земе предвид дека просечната плата во БиХ е нешто над 410 евра, овие автомобили се недостижни за повеќето граѓани, односно за автомобил од 50 илјади евра просечен работник би требало да работи дури 12 години- анализираат медиумите во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top