Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е избран за најдобар десен бек во светот според специјализираниот ракометен медиум „Хендбол-планет“ (Handball-planet).
Тој убедливо ја победи конкуренцијата и уште еднаш потврди дека долго трае и доминира во европскиот ракомет.
Лазаров доби повеќе гласови од Ласло Наџи, Кжиштоф Лијевски и Алекс Душебаев. Во идеалниот тим покрај Лазаров се најдоа Уве Генсхајмер (ПСЖ), Микел Хансен (ПСЖ), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Тобиас Рајхман (Киелце), Хулен Агинагалде (Киелце), Андреас Волф (Кил) и Виран Морос (Барселона).
Микел Хансен е прогласен за најдобар ракометар за 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.