Во спектакуларен меч на двете екипи со најдобар учинок во досегашниот тек на Лигата на шампионите, Барселона во „Палау Блауграна“ го совлада ПСЖ со 35-32 (14-14).
Од македонските интернационалци Борко Ристовски не доби шанса, а Кирил Лазаров повторно блескаше и беше најдобар играч и стрелец во победничката екипа. Најефикасни беа Лазаров со 9 гола, Жалуз запиша 6, а Гонзало мечот го заврши со 15 интервенции.
Кај ПСЖ, Хансен даде 7 гола, но сите од казнени удари. Шест постигна и Никола Карабатиќ, а Абало запиша пет крај своето име.
Оваа победа сега го лансира тимот на Барселона како лидер во групата и најсериозен кандидат за освојување на првото место на крајот од групната фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)