„Театар Комедија“ учествува на престижниот театарски фестивал Мостарска Лиска 2013, каде утре ќе ја одригра претставата !А, љубов моја“ од Коле Ангеловски. Фестивалот е во организација на “Народен театар – Мостар“ и претставува жанровски определен фестивал, односно фестивал на комедијата и се одржува од 16ти до 23ти мај.
Театар Комедија е првиот македонски театар кој учествува на овој фестивал со претставата “Ах љубов моја “ во режија на Коле Ангеловски, македонскиот доајен на комедијата. Претставата се игра на 19ти мај.
Во претставата игра целиот ансамбл на Театар Комедија : , Крсте Јовановски , Зорица Стојановска, Нина Деан, Атанас Атанасовски, Ева Скендеровска (к.г.), Едмонд Сотир, Роберт Ристов, Марија Кондовска (к.г.), Жарко Димоски, Ердоан Максут, Александар Микиќ(к.г.),Валентин Костадиновски и Кристина Ласовска. Ова гостување е подржано и финансирано од Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


