| четврток, 6 декември 2018 |

Два силни земјотреси во Хрватска, се тресеше цел Балкан

Земјотреси со интензитет од околу 5 степени по Рихтер го потресоа Балканот. Најмногу се почувствуваа во Хрватска каде што е и епицентарот на потресот и во Босна и Херцеговина.

Републичкиот Сеизмолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на островот Чиово, неколку километри одалечен од Сплит.

Магнитудата е проценета на 5,0 и 5,1 а жариштетот на потресот било десет километри под површината на почвата.

Земјотресот, освен во Сплит, се почувствувал во цела средна Далмација, јавува хрватскиот портал „Индекс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top