| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Крагуевац: Поп претепал монахиња пред црква

Поп ја претепал монахињата Михаела (78) додека пред Соборната црква во Крагуевац собирала прилози за манастиреот „Праведни Јов“.

“Беше попладне, седев пред капијата во главната улица. Тогаш се појави свештеникот и веднаш почна да ме удира по главата. Плачев, но никој не ми пријде на помош. Решив сама себе да се бранам, го дофатив чадорот и почнав да го удирам и да го бодам. Со другата рака ја чував кутијата со парите, бидејќи ми се чинеше дека сака да ги земе” – вели Михаела, која на крајот ја одбраниле случајни минувачи кои повикале полиција.

Началникот на Полициската управа во Крагујевац Иван Ѓоровиќ вели дека има тужба од епархијата поради тоа што две монахињи, Михаела и нејзината сестра Урила (84), собираат добротворни прилози.

“Реагиравме веднаш и собравме информации. Во селото Прекопеч ни рекоа дека тоа се добри и чесни жени, кои се’ што ќе соберат вложуваат во изградба на манастирот. Затоа решивме да не ги допираме, а црквата своите внатрешни несогласувања мора да ги реши самата” – вели Ѓоровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top